Фудбалската федерација на Македонија информира дека Филип Поповски, како делегат, и Игор Сточевски како асистент судија ќе учествуваат на Европското првенство до 21 година во Словачка (од 9 до 28 јуни). Филип Поповски е назначен за делегат на УЕФА за натпреварите на стадионот во Трнава, што значи дека ќе го надгледува организацискиот дел, ги проверува условите и обезбедува спроведување на прописите.
Игор Стојчевски ќе биде четврти судија на натпреварите, со што ја продолжува успешната меѓународна кариераа, секако учеството на младинското Европско првенство е признание од УЕФА за неговата посветеност.