Хрватот требаше да ги направи и лекарските прегледи додека беше во Загреб со репрезентацијата, но тој одбил, а за тоа го известил раководството на Милан.Модриќ, како што рекол, тоа го направил од почит кон Реал Мадрид бидејќи сè уште е фудбалер на Кралевите и ќе настапи на Светското клупско првенство, иако останува неизвесно колку ќе добие минутажа бидејќи од следната сезона ќе биде во друг клуб.