Винисиус Јуниор, Арда Ѓулер и Андриј Лунин пристигнаа во кампот пред Светското клупско првенство, на кое Реал Мадрид ќе дебитира во среда, 18 јуни, против Ал Хилал на стадионот Хард Рок во Мајами.„Првите контакти беа многу позитивни, малку по малку ги запознаваш играчите и воспоставуваш таа неопходна врска”, изјави Алонсо по првите денови поминати со играчите.