Шпанските судови значително ја заоструваат борбата со фудбалските хулигани, доказ за тоа е и денешната пресуда за затворски казни за четири навивачи на Атлетико Мадрид, за нивниот однос во пресрет на градското дерби со Реал.
Видео-снимките покажаа дека овие четири лица учествувале во бесењето на кукла со дрес на Реал со името на Винисиус на еден од мостовите во Мадрид, што е оценето како акт на расна омраза кон фудбалерот на „кралскиот клуб“. Ekipa