Скандалозна сцена се случи за време на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, кога фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби, му се закани на навивач на Пари Сен Жермен.
На видео кое се шири на социјалните мрежи, може да се види како навивач во дресот на ПСЖ се приближи до тренингот на Интер и го провоцира искусниот дефанзивец, потсетувајќи го на болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите. Sportclub