1 (13) ■ спорт > фудбал ■ 22-Jul 11:23 -> 23-Jul 22:30
.
.
.
.

Седлоски пред првиот дуел со Лозана: Вардар ќе се бори за добар резултат пред реваншот

  • „Вардарци“ пред Лозана: Да покажеме дека можеме да се носиме со сите ривали

Вардар се подготвува за вториот предизвик во годинешното издание на Конференциската лига, а тоа ќе биде швајцарскиот прволигаш Лозана.

Фудбалерите на Вардар интензивно се подготвуваат за претстојниот европски предизвик, двомечот со швајцарска Лозана на кој „црвено-црните“ ќе сторат се за да минат уште едно квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

3 (28) ■ вести > македонија > грција ■ 22-Jul 11:59 -> 23-Jul 18:28
.
.
.
.

Герaпетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава

  • МУЦУНСКИ ЌЕ ИМА ВАЖНА СРЕДБА СО ГРЧКИОТ КОЛЕГА Атина е поддржувач на Скопје, велат грчките дипломати

  • Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи.

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

11 (6) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Jul 18:51 -> 23-Jul 21:19
.
.
.
.

ЦУК: Активни шест пожари во земјава, четири под контрола

  • ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Според добиените податоци, во земјава денес (до 18.30 часот) се евидентирани вкупно 21 пожар на отворен простор, информираат од ЦУК.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума), во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација) и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева). Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и во Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Битола – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Демир Капија – кај тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација), Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација), Општина Новаци – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација), Општина Куманово – нас.

Повеќе од
оваа категорија

18 (21) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 22-Jul 08:48 -> 23-Jul 10:15
.
.
.
.

Хараламбус џентлменски и честиташе на Шкендија и заклучи: Голманот нѐ спаси од потежок пораз

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ШКЕНДИЈА…. Македонскиот шампион со предност ќе патува во Букурешт! (ВИДЕО)

  • Николов: Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

ФЦСБ допатува како фаворит за победа во Скопје и таков расплет очекуваа сите романски медиуми, кој по конечниот епилог на националната арена „Тодор Проески“, со голема загриженост ги пренесоа сите детали од мечот, но и изјавите на главните актери.

Македонскиот шампион Шкендија со предност од 1-0 ќе патува во Букурешт против романскиот шампион ФЦСБ во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг на романскиот клуб ФЦСБ, кој се одржа на спортскиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија.

Повеќе од
оваа категорија

29 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 23-Jul 17:54
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

  • Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.