Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска не сакаше да даде коментар за тоа дали смета дека извештајот на известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц за Македонија ќе биде усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), чие гласање беше презакажано за 24 јуни, нагласувајќи дека ЕП е независна институција, која работи според сопствени правила.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната проевропска Влада на Бугарија.