Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен во втората француска лига поради неусогласеност на финансиите на клубот со прописите на натпреварувањето.
Професионалната фудбалска лига (LFP) потврди во официјално соопштение дека Лион, по состанокот со финансискиот надзорен орган на францускиот фудбал DNCG, е исфрлен во Лига 2. Тоа е потврда на привремената одлука донесена на претходниот состанок, според која OL автоматски би испаднал доколку не докаже финансиско подобрување.