Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.
Феноменални мечеви се одиграа рано утрово на Светското клупско првенство, двата завршија нерешено, па во осминафиналната рунда патуваат Палмеирас и Интер Мајами.Ќе има бразилско осминафинале Палмеирас – Ботафого, а во Атланта ќе има спектакуларен меч на Мајами со ПСЖ, што значи дека Лионел Меси ќе игра против својот поранешен клуб.
Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство.