Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.
Легендата на светскиот фидбал, Лионел Меси кој денеска полни 38 години, во Интер Мајами продолжи една традиција која ја почна во Барселона и репрезентацијата на Аргентина, а тоа е секогаш неговите тимови да ја поминат првата групна фаза во некое меѓународно натпреварување.
Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство.