Шпекулациите околу плановите на 40-годишникот се засилија минатиот месец кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се водат преговори за Роналдо да игра на Светското клупско првенство, и покрај тоа што Ал-Наср не е на листата на учесници.„Добив неколку понуди да играм на Светското клупско првенство, но мислам дека немаше смисла бидејќи претпочитам добро да се одморам и да се подготвам, бидејќи оваа сезона ќе биде многу долга, го имаме и Светското првенство на крајот.