Ветеранот од редовите на Бенфика, Анхел Ди Марија, упати порака со извинување до навивачите, изјавувајќи дека тимот не бил на висина на задачата во натпреварот против Челзи на Светското клупско првенство.
Португалскиот гигант загуби во маратонски меч со конечни 1-4, а Ди Марија се извини на фановите и рече дека ваквите изданија не треба да се повторуваат.