Баерн Минхен и Фламенго го одиграа еден од најдобрите натпревари на Светското клупско првенство, но тоа мораше да заврши за една од екипите.
„Баварците“ веќе се помеѓу најдобрите осум екипи во светот, откако славеа со 4-2, а таму ги чека освојувачот на Лигата на шампионите, ПСЖ.„Баварците“ многу рано, уште во 10-тата минута имаа водство од 2-0 со автоголот на Пулгар и со погодокот на Кејн, а до крајот на првиот дел имаше уште два гола, по еден во двете мрежи.