Манчестер Јунајтед в понеделник ќе ги стартува подготовките за наредната сезона, но на првиот собир на „црвените ѓаволи“ нема да се појават петмина фудбалери.
Рашфорд, Гарначо, Санчо и уште двајца нема да ги започнат подготовките со Манчестер ЈунајтедМаркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Џејдон Санчо и Тајлер Маласија го информирале раководството на Манчестер Јунајтед дека сакаат да го напуштат клубот ова лето, информираат медиумите на Островот.