„Ако Усман Дембеле не ја освои „Златната топка“, тогаш има проблем“, рече претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, во пресрет на четвртфиналето на Светското клупско првенство против Баерн Минхен . Тој кажа дека после одличната сезона, и освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите, играчот на ПСЖ заслужува да се закити со ова признание.
„Со неверојатната сезона што ја имаше, нема сомнение дека Усман треба да ја освои.