Крилото на Реал Мадрид, Родриго, не е задоволен од улогата која ја има во тимот, во клубот не се задоволни од неговите игри, па реално е тој летово да биде продаден за добра цена, и тие пари да бидат искористени за дополнителни засилувања.Но, ако досега се спомнуваше можен трансфер на Родриго само некаде во Премиер лигата, а најмногу го посакуваат во Арсенал, сега се појави нов потенцијален купувач, и тоа клуб кој не прашува за цена, прашањето е само дали Родриго ќе сака да ја напушти Европа и да им се придружи.