Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево преку објава на Фејсбук ги оценија како обид за политичка конструкција и дефокус од вистиските реформи обвинувањата од опозицијата за злоупотреба на тендери.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4 милиони евра.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не биле најдени никакви неправилности.
Во изминатите месеци, освен што бевме целосно посветени на немилосрдна борба со криминалот и корупцијата, борба која ја водиме без пардон, напорно работиме и да ги исчистиме нередот, негрижата и неправдите што беа оставени внатре во самото Министерство, токму од тие што денес најгласно нè напаѓаат, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.