Јамал подготвува спектакуларна прослава за 18. роденден, но ќе биде забранета една работаЕден од најдобрите фудбалери во светот, Ламине Јамал, во недела го слави својот 18-ти роденден и подготвува спектакуларна забава на Ибица, а сите кои добија покана, добија и јасна порака што никој од нив не смее да прави за време на прославата.
Јамал го фасцинираше фудбалскиот свет со своите игри во дресот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, и веќе две години е на големата сцена, а неверојатно е дека за неколку дена ќе стане полнолетен.