У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување во Прва, Втора и Трета македонска фудбалска лига за сезоната 2025/26; – У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за Куп натпреварувањето во сениорска конкуренција (мажи) за натпреварувачката сезона 2025/26; – У.О. на ФФМ ги усвои предложените измени и дополнувања на Правилникот за натпреварување на ФФМ; – У.О. на ФФМ ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери; Измената се однесува на можноста клубовите од Прва и Втора МФЛ, кои имаат склучено професионален договор со фудбалер, кои согласно својата возраст може да настапува и за младинци, да може и по склучување на професионалниот договор да настапува и во екипата на клубот во младинци; – У.О. на ФФМ донесе одлука за именување на Александар Таневски за селектор на новоформираната македонската репрезентација до 20 години. Sportmanija