По 13 години слава, титули и магија на „Сантијаго Бернабеу“, Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид.
Лука Модриќ (39) го одигра својот последен натпревар за Реал.
Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понеизвесен натпревар, но на крајот сè беше решено по 25 минути од натпреварот кога европскиот првак поведе со 3-0, а потоа во самиот финиш од натпреварот Рамос стапи на сцена и ги постави конечните 4-0. Сепак, главна тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Поразот од Пари Сен Жермен (0-4) во полуфиналето на Светското клупско првенство беше последен меч за Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид.