Роденденската забава на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, која се одржа неодамна по повод неговото полнолетство, се најде во фокусот на јавноста откако шпанскиот модел Клаудија Калво откри дека добила покана да присуствува на забавата, заедно со парична понуда меѓу 10.000 и 20.000 евра за да биде подготвена буквално на се. Според неа, организаторите инсистирале на прецизни критериуми за изгледот на девојките – „блондинки со специфична големина на гради“ – а на гостинките им било забрането да користат мобилни телефони. Sport1