Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ (39) е нов играч на Милан.
Лука Модриќ денеска слета во Милано каде ќе ги помине медицинските прегледи и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на италијанскиот великан.
Хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ го напушти Реал Мадрид и одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на италијански Милан.
Лука Модриќ слета во Италија кратко пред пладне, каде што пристигна за да потпише договор со Милан.