Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата. Denesen
Здружението на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (АДЕЕ) го осуди потегот, нарекувајќи го „неприфатлив во 21. век“.
„АДЕЕ поднесе тужба и побара од Државното обвинителство да истражи дали е прекршен законот и дали се загрозени правата на лицата со попреченост“, соопшти шпанското Министерство за социјални права. Sitel
Ситуациите околу Јамал ги коментираше и Тони Крос, сигурно еден од најдобрите играчи на средината на играта воопшто и човек кој не оставил дамка во кариерата.
Легендарниот Германец даде јасен совет на Јамал дека успехот не зависи само од теренот, туку и од надворешните фактори. Sportski
Во соопштението на АДЕЕ се наведува дека ангажирањето луѓе со џуџест раст за забава „ги продлабочува стереотипите, поттикнува дискриминација и ги нарушува достоинството и правата на лицата со попреченост“.
Сепак, еден од изведувачите кој, наводно, настапил на забавата, во изјава која ја даде за шпанското радио РАЦ1 под услов да остане анонимен, го бранел Јамал. Sitel
Ламин Јамал во последните години импресионираше со своите фудбалски мајстории во дресот на Барселона и на шпанската репрезентација, а младиот ас потоа го покажа другото лице – со шокантната забава по повод неговиот 18. роденден. Ekipa