1 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 31-May 09:25 -> 01-Jun 06:00
.
.
.
.

Арсовска донесе докази во Обвинителството за дивоградба во Чаир, најави дека ќе достави уште 150

  • Данела Арсовска ги достави доказите до ОЈО Скопје за дивоградбите во Чаир

  • Обвинителство: Арсовска мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости

  • Арсовска достави докази до Обвинителството, обвинувајќи го Висар Ганиу за нелегална градба во Чаир

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска во Основното јавно обвинителство ги донесе доказите за легализирана дивоградба во Чаир со фалсификат документи.

Данела Арсовска ги достави доказите до ОЈО Скопје за дивоградбите во Чаир 360степени | 31 мај, 2025 17:10.

Арсовска како службено лице мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

НасловнаМакедонијаАрсовска достави докази до Обвинителството, обвинувајќи го Висар Ганиу за нелегална градба во Чаир You cannot print contents of this website.

2 (24) ■ вести > свет ■ 31-May 01:00 -> 01-Jun 13:15
.
.
.
.

Маск: Не земам дрога, кетаминот ми помогна да се извлечам од тешки ментални состојби

  • Ќе останам советник на Трамп, рече Маск на заминување од Белата куќа

  • Маск си замина од администрацијата на Трамп со модринка на окото и ветување дека ќе остане „пријател и советник“

Милијардерот и шеф на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Илон Маск, ги негираше тврдењата на „Њујорк тајмс“ дека консумирал толку многу кетамин што му се влошило здравјето, вклучително и проблеми со мокрењето.

3Илон Маск изјави дека ќе продолжи да доаѓа во Белата куќа и ќе остане пријател и советник на Доналд Трамп откако ја заврши својата работа во американската влада, каде што од јануари го предводеше Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ). На прошталната прес-конференција во Белата куќа, Маск доби од Трамп голем златен клуч во дрвена кутија, за кој претседателот кажа дека го дава само на специјални луѓе како благодарност од државата.-Ова не е крај на ДОГЕ, туку негов вистински почеток.

Милијардерот Илон Маск вчера во Белата куќа официјално се прости од својата улога како шеф на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), каде важеше за клучна фигура во политиката на кратење на трошоци во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

3 (27) ■ вести > македонија ■ 31-May 11:15 -> 01-Jun 12:45
.
.
.
.

Аферата „Провизиите кои чинат животи“, покажа дека за Филипче профитот бил на прво место, поставил модуларни болници од леснозапалив материјал

  • Манасиевски: Афера Провизии кои чинат живот - Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност

  • ВМРО-ДПМНЕ објави афера: ,,Провизии кои чинат животи”: Филипче одобрил незаконско градење на модуларните болници

На површина излегува работењето на Венко Филипче како министер за здравство, каде профитот и провизиите биле поважни од здравјето на пациентите и граѓаните, воопшто, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

1Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.-Спроведувањето на набавката го прави МТСП, а техничките спецификации и усогласеност на постапка според законски и подзаконски акти за здравствени објекти, го прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче.Е сега, што е тука спорно.

9 (17) ■ вести > македонија ■ 31-May 10:03 -> 02-Jun 02:00
.
.
.
.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка со велосипеди, ролерки, тротинети и бебешки колички

  • В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје соопшти дека утре од 17 до 18 часот ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради одржување ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички.

Министерство за внатрешни работи СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

11 (15) ■ вести > свет ■ 31-May 00:17 -> 01-Jun 13:00
.
.
.
.

Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“

  • Израел до Хамас: Прифатете го предлогот на САД или ќе бидете збришани

Американскиот пратеник за Блискиот Исток синоќа изјави дека барањата на Хамас за дополнување и измена на предлогот за привремен прекин на огнот со Израел во Појасот Газа се „тотално неприфатливи“.

1Израел го повика палестинското исламистичко движење Хамас да го прифати предлогот на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците или ќе се соочи со „уништување“.Израел се соочува со растечки меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа и хуманитарната ситуација на палестинската територија, каде што блокадата што траеше повеќе од два месеци, делумно олесната минатата недела, доведе до сериозен недостиг на храна, лекови и други основни потреби.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

135 (4) ■ сцена > култура ■ 31-May 12:44 -> 31-May 14:14
.
.
.
.

Министерството за култура објави Конкурс за учество на Република Македонија на 61. Венециско биенале (La Biennale di Venezia)

  • Објавен Конкурс за учество на државава на 61. Интернационална ликовна изложба „Венециско биенале“

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh). Конкурсот ќе трае од 31.5.2025 година заклучно до 30.6.2025 година.

Министерството за култура и туризам денеска на својата веб-страница го објави Конкурсот за учество на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети“ („In Minor Keys“) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh). -Конкурсот ќе трае од 31 мај 2025 година заклучно до 30 јуни 2025 година.