Противник беше У20 екипата на Фламенго, мечот се одигра во Рио де Жанеиро, а Баер загуби со неверојатни 1-5. Тен Хаг го почна мечот со измешан состав, дел од главните ѕвезди останаа на клупа и влегоа во игра во 60. минута, но дотогаш младинците на Фламенго веќе водеа со 5-0. Дури во 70. минута Колбрет го постигна почесниот гол за шампионот на Германија од 2024 година.