Најуспешниот стрелец од италијанското фудбалско првенство минатата сезона и италијанскиот напаѓач Матео Ретеги (26) го напушти тимот на Аталанта и потпиша четиригодишен договор со саудискиот Ал-Кадсија.
Матео Ретеги експресно почна да „решета“ во Серија А откако пристигна од аргентинскиот фудбал, но после само една сезона во Аталанта, репрезентативниот напаѓач од денеска и официјално стана најскап италијански фудбалер на сите времиња.