Саудискиот тим Ал-Хилал тргна по уште едно големо засилување од Европа, па планира да потроши дури 130 милиони евра за услугите на Александер Исак од Њукасл.
Александер Исак долго беше поврзуван со трансфер во редовите на Ливерпул, но откако Њукасл се одбрани од нападите на премиерлигашкиот ривал, најавен е неочекуван епилог според кој шведскиот репрезентативец сепак ќе си замине од „Ст.Џејмс Парк“.