Давид де Хеа (34), шпанскиот голман кој пронајде нова среќа во Фиорентина по една деценија во Манчестер Јунајтед, доживува втора младост.
Давид Де Хеа повторно се чувствува како важен играч во едно фудбалско опкружување и тоа е од круцијална важност за секој член на највисоко професионално ниво, нешто што во дадената ситуација му беше овозможено од Фиорентина, клуб кој му подаде рака во најтешките моменти од кариерата.