Контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали, како што пренесoa романските медиуми, наредил замена на двајцата капитени во тимот Олару и Шут кои во 63. минута од средбата беа заменети со Овидиу Периану и Мариус Стефанеску на синоќешниот натпревар против Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Романскиот првак ФЦСБ (поранешна Стеауа) претрпе неочекуван, за нив, пораз од Шкендија (0-1) во синоќешниот прв меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, но контроверзниот сопственик на романскиот тим, Џиџи Бекали, останува убеден во пласманот понатаму.