Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар стана тема на потсмев по несекојдневен момент на натпреварот помеѓу Сантос и Интернасионал, одигран во рамките на 16. коло од бразилската Серија А. Сантос беше поразен на домашен терен со 1-2, а мечот го одбележа грешката на Нејмар, кој по шут кон голот на гостите започна да слави погодок – кој всушност не се случи.
Сантос синоќа беше поразен од Интернационал со 2-1 и падна во зоната за испаѓање, славниот бразилски клуб е на 17. позиција, а Нејмар и овојпат беше во центарот на вниманието.