Македонскиот фудбалски првак Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“, претрпе минимален пораз од 1-0 од тимот на Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло во ЛШ. Клучниот момент на мечот се случи во 18. минута, кога Вебстер го фаулираше Андраде во шеснаесетникот, а сигурен реализатор на пеналот беше Бајрамов. Kurir
Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија вечерва доживеаја минимален пораз од 1:0 од Карабах во првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Nezavisen
Тетовските „црвено-црни“ пред повеќе од 18.000 гледачи на крајот требаше да дојде барем до еден гол, да создаде некоја тензија и да биде во игра за пласман понатаму.
И вака Шкендија е во игра, но сега во Баку ќе мора да брка победа. Ekipa