Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра на 5 август во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, соопштија денеска оттаму.
Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поддржува одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да отвори постапка поради националистички и навредливи скандирања кои беа регистрирани за време на кошаркарскиот натпревар меѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Романија, одржан на 2 август, во Куманово.
Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах 14:12, август 6, 2025 Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра на 5 август во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза.