Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за два процента, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, а пораст од 4,8 проценти во Преработувачка индустрија и од 12,9 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март годинава во однос на претходниот месец останале непроменети, а во однос на март лани се зголемени за 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика(ДЗС). Во март во однос на февруари цените се зголемени за 0,2 проценти во групите Интермедијарни производи и Капитални производи, а се намалени во групите Енергија за 0,2 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 проценти.