Со крајно наивен и непотребен пенал, екипата на Шкендија губи од Карабах со 1:0. Иако до 18. минута играта на теренот беше целосно под контрола на тетовци, при една сосема безопасна ситуација и буквално на самата линија од шеснаесетникот, Роналдо Вебстер сопна еден противнички играч во момент кога тој беше свртен со грбот кон голот на Шкендија.
Македонскиот фудбалски првак Шкендија, доби скратен список кои би им биле можни противници во плејофот за Лигата на шампионите, во случај да го елиминира Карабах.
Македонскиот фудбалски првак Шкендија, вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“, претрпе минимален пораз од 1-0 од тимот на Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло во ЛШ. Клучниот момент на мечот се случи во 18. минута, кога Вебстер го фаулираше Андраде во шеснаесетникот, а сигурен реализатор на пеналот беше Бајрамов.
Македонскиот шампион Шкендија знае против кого ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, доколку во третото коло го елиминира Карабаг.