На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана во текот на вчерашниот ден, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски да биде прогласен за почесен претседател на клубот.
Легендата на „Црвено-црните“ и прв селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски, е прогласен за почесен претседател на Вардар.