Фото: Rangers FC/X Mиовски дебитираше за Ренџерс во најголемото шкотско дерби Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го запиша својот прв настап за шкотскиот гигант Ренџерс и тоа веднаш во најжешкото дерби на шкотскиот фудбал, дуелот со големиот ривал Селтик кој заврши без победник, 0-0. Откако во саботата официјално ја комплетираше позајмицата од шпанска Жирона, Миовски доби шанса од првата минута, тренерот Расел Мартин, не чекаше долго за да му укаже доверба на македонскиотголгетер. На теренот Миовски беше до 72. минута кога на негово место влезе Десерс.