фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC Дарко Чурлинов пред трансфер во Турција Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор од преселба во нов клуб, според турските медиуми, Чурлиннов денеска треба да го комплетира трансферот во редовите на Коџаелиспор, клуб што настапува во втората турска лига. Договорот со новиот клуб, како што се наведува, е постигнат на две години, а официјалната потврда се очекува наскоро.