Од клубот потенцираат дека не бараат алиби за поразот, но нагласуваат дека се соочиле со дивеење на дел од управата, обезбедувањето и публиката, како и со некоректно судење и недозволиво однесување на теренот.
Погледнете го видеото каде што судијата, на неправеден начин, се обидува да го оштети нашиот тим со тоа што не досудува очигледен пенал.
Како клуб, не бараме помош од никого – единствено бараме фер и правично судење на секој натпревар.
Гостопримството на домаќинот траеше се до нашето водство во 5-тата минута после која почна дивеењето на дел од управата, на обезбедувањето, на публиката и ред други цивилни лица кои беа на теренот а незнаеме која беше нивната функција.
Од страна на домашната екипа беа најавени амбиции за влез во прва лига а целата организација на овај натпревар беше на ниво пониско од третата македонска лига и наликуваше на селски фудбал.
Од страна на домашната екипа беа најавени амбиции за влез во Прва лига, а целата организација на овој натпревар беше на ниво пониско од третата македонска лига и наликуваше на селски фудбал.
На нашиот тренер после водството му беа упатувани ред закани од неидентификувани лица кои што мечот го следеа од теренот на неколку метри од нашата клупа, а на сето тоа делегатот остана нем.
По црвениот картон кој му беше доделен на Гоце Толески, тој беше вербално нападнат и буквално исфрлен од стадионот од страна на обезбедувањето и не му беше дозволено да влезе во соблекувална да се преоблече, само поради неговата присебност не дојде до ескалација на случувањата.
Нивото на судијата Стојанов и неговите помошници беше идентично со нивото на организацијата која што наликуваше на натпревар од пред неколку децении.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Додека во европскиот фудбал сè уште се коментира веста дека дербито помеѓу Виљареал и Барселона од шпанската Ла Лига би можело да се игра во Мајами, уште една сензационална најава доаѓа од Италија. Раководството на Серија А сериозно размислува еден од своите првенствени натпревари да го пресели на другиот крај од светот во Австралија.
Раководството на Серија А има идеја натпревар од основниот дел на италијанското првенство да се одржи во Австралија. Станува збор за мечот меѓу Милан и Комо кој е на програмата во февруари до кога треба да се решат сите формалности и овие два клуба да гостуваат на австралискиот континент.
Фото: EPA/ESTELA SILVA ФОТО: Не го заборава својот пријател, Невеш посвети тетоважа на Жота Поминаа два месеци од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Диого Жота, поранешниот напаѓач на Ливерпул, заедно со неговиот брат. Неговата смрт остави длабока трага кај многумина, но посебно кај неговиот близок пријател и соиграч од младинските категории, Рубен Невеш.
Рубен Невеш беше голем пријател со Диого Жота, кој неодамна го загуби животот со сообраќајна незгода заедно со неговиот брат, а сега фудбалерот на Ал-Хилал реши да му посвети тетоважа. Поминаа два месеци од смртта на поранешната ѕвезда на Ливерпул, а Невеш реши да му оддаде почит.
Пред извесно време излезе информацијата дека Стојанов веќе не е тренер на Брера, а денеска тоа и официјално е потврдено. „Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола.
фото: Brera Strumica Панче Стојанов веќе не е тренер на АП Брера Струмица Коминовски Фидан Пред 7 минути Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на фудбалскиот клуб АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона.
Баер Леверкузен го отпушти холандскиот тренер Ерик тен Хаг откако го водеше тимот на само три натпревари. Наследникот на почитуваниот и трофеен Чаби Алонсо беше многу краткотраен.
фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Германците експресно реагираа: Тен Хаг доби отказ по две кола Епизодата на Ерик Тен Хаг во германската Бундеслига заврши многу побрзо од очекуваното. Холандскиот стратег денеска доби отказ од Баер Леверкузен, иако сезоната едвај што започна и се одиграни само две кола.
Возбудлив натпревар се одигра денес во Куманово, каде што Шкендија Арачиново по драматична пенал-серија ја совлада Каменица Саса и обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот на Македонија. Регуларниот дел заврши 1:1, па победникот мораше да се решава по изведување на пенали.
Каменица Саса прва постигна гол на мечот, и тоа во 59. минута кога во листата на стрелци се запиша Милош Спасовски, но потоа Шкендија Арачиново се врати во игра со погодокот на Бурхан Алији. До крајот на регуларниот дел од мечот немаше голови, по што во пенал-рулетот Шкендија Арачиново беше поуспешна и славеше со 3-2.