Македонската фудбалска сениорска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (4 септември, Прага, Чешка) и Лихтенштајн (7 септември, Скопје) од квалификациите за Светското првенство 2026. Денеска, на тренингот во 17.30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ најдобриот национален состав ќе биде комплетен со пристигнувањето на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.