Најдобриот национален тим е во комплетен состав откако денеска пристигнаа Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.
Македонската фудбалска сениорска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (4 септември, Прага, Чешка) и Лихтенштајн (7 септември, Скопје) од квалификациите за Светското првенство 2026.