Во саботата второлигашот Охрид Лихнидос го забележа првиот пораз во новата сезона на Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново загуби со 2-1. По натпреварот, охридскиот клуб излезе со жестоко соопштение во кое упати сериозни забелешки за организацијата на мечот, судиските одлуки и условите на стадионот „Фортуна Хасан Бег“. Од клубот потенцираат дека не бараат алиби за поразот, но нагласуваат дека се соочиле со дивеење на дел од управата, обезбедувањето и публиката, како и со некоректно судење и недозволиво однесување на теренот.