Денеска во пријателски натпревар одигран на стадионот „Викторија Жишков“ во Прага, Чешка, најдобрата македонска фудбалска репрезентација загуби со 2:1 од Саудиска Арабија. Првите пет минути поминаа во тест на силите на двата тима, со мал притисок на нашите фудбалери на половината на противникот, но ништо поконкретно да се заканиме со прв удар кон голот.