Фото: ФК Пелистер Куп на Македонија: Пелистер со гол на Спировски го доби Тетекс, осминафинале и за Новаци Екипата на Пелистер многу потешко од очекуваното дојде до осминафинале во Купот на Македонија и го совлада Тетекс со 1-2. Домаќините го добија првото полувреме благодарение на погодокот на Николовски во 35. минута, но веднаш по стартот на вториот дел, битолчани израмнија. Победата за Пелистер ја обезбеди поранешниот репрезентативец, Стефан Спировски кој стрелаше во самата завршница.