ЕКИПА во Сомбор, Стеван Цаневски Екипата на Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од АБА2 лигата откако загуби на гостувањето против Џокер со резултат 93-84. Повторно тренерот Петровиќ и неговите избраници имаат за што да жалат, ако се зна дека три четвртини беа не само достоен, туку и подобар ривал од српскиот тим, но тоа малку вреди поради кататрофалната трета четвртина што македонскиот тим ја загуби со убедливи 27-9, што на крајот го чинеше пораз.
Кошаркарите на Пелистер го одработија единствениот тренинг во Сомбор пред утрешното соочување со Џокер во рамките од четвртото коло во АБА2 лигата.