Дритон Суљејмани од „Влен“ на денешната прес-конференција нагласи дека за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта во март во Вила Водно се сретнале претставници на ДУИ, СДСМ и поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски -Високи експоненти на ДУИ оркестрираа враќање на поранешниот премиеро Никола Груевски во Скопје.
Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио, го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје, велат од коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ). Оттаму oбвинија дека во операцијата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Северна Македонија вмешани биле група шверцери предводени од претседателот на партијата Али Ахмети, поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој додека бил министер се сретнал со Груевски во Будимпешта.