Раководството на најсилното кошаркарско натпреварување на стариот континент Евролига та, потврди дека Абу Даби ќе биде домаќин на Ф4 турнирот сезонава.
Финалниот турнир на Евролигата и официјално ќе се одржи во Абу Даби (23 до 25 мај) објавено е на официјалниот сајт на натпреварувањето, што ќе биде втора пресметка на најдобрите клубови од Стариот континент надвор од Европа (по Тел Авив). Оваа вест беше соопштена на настан во Абу Даби на кој присуствуваа челниците на Евролигата, извршниот директор Паулиус Мотијунас и претседателот Дејан Бодирога, како и Сауд Ал-Хосани, потсекретар во локалниот оддел за култура и туризам.