Финалниот турнир на Евролигата и официјално ќе се одржи во Абу Даби (23 до 25 мај) објавено е на официјалниот сајт на натпреварувањето, што ќе биде втора пресметка на најдобрите клубови од Стариот континент надвор од Европа (по Тел Авив). Оваа вест беше соопштена на настан во Абу Даби на кој присуствуваа челниците на Евролигата, извршниот директор Паулиус Мотијунас и претседателот Дејан Бодирога, како и Сауд Ал-Хосани, потсекретар во локалниот оддел за култура и туризам.
Шпекулациите кои ги имаше со недели наназад, денеска се потврдија.