Лос Анџелес Лејкерс синоќа забележаа домашна победа над Феникс Санс во НБА лигата победувајќи со 107:96. Лејкерс направија голема разлика во првата четвртина, поведоа со 31:15, а таа предност ја одржуваа практично во текот на остатокот од натпреварот, рутински славејќи ја својата победа.
Натпреварот го одбележа феноменалниот настап на Словенецот Лука Дончиќ, кој беше убедливо најдобриот поединец на теренот и го предводеше тимот до триумф.