Излевањето на тешки метали од рудникот Тораница во Крива Река може да биде една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја, предупредува опозициската СДСМ.
„Се што се продава на пазарите во Скопје, Куманово, Паланка Велес и другите градови, се наводнува од Вардар, Пчиња, Крива Река и другите реки од тој слив.
БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка е казнет со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација.
Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.