Лос Анџелес Лејкерс синоќа забележаа домашна победа над Феникс Санс во НБА лигата победувајќи со 107:96. Лејкерс направија голема разлика во првата четвртина, поведоа со 31:15, а таа предност ја одржуваа практично во текот на остатокот од натпреварот, рутински славејќи ја својата победа.
Лука Дончиќ повторно ги „разнесе“ Феникс Санс со импресивна партија за Лос Анџелес Лејкерс (107:96). Словенецот постигна 33 поени со 11 скока и 8 асистенции, што малку го фрустрираше Кевин Дурент.